Uncategorized
Порано апсолутен хит меѓу фризурите беше т.н. „ладна“ односно „трајна“ фризура. Кадриците тренд кој траеше со децении.
Но, последните години многу попопуларна и посакнувана е правата коса. Речиси и да не постои жена што секое утро ја фенира својата коса или која не посакува мазна и сјајна коса.
Исто така, знаеме дека знае да биде мачно и досадно да морате секој ден или два да го повторувате истото, а честопати и да не сте задоволни со резултатот – ова посебно ќе го разберат оние што имаат природно кадрава, но сакаат да имаат права коса.
How to Share With Just Friends
How to share with just friends.
Posted by Facebook on Friday, December 5, 2014
На социјалните мрежи се појави видео со метода која веќе се применува во САД, а која го дава саканиот резултат. Се работи за ласерски третман, поточно третман со фото-зраци на косата, со кој таа останува права дури осум месеци.Како што се вели, апаратот не ја оштетува косата, која притоа и се третира со соодветни кератински третмани.
Резултатот е мазна и сјајна права коса цели осум месеци, а потоа само ќе треба да се повтори третманот во пределот на коренот.
Мислењата во САД се поделени, барем по коментарите на социјалните мрежи и медиумите. Додека едни го прегрнуваат ваквиот изум, други се сомневаат во (не)штетноста на техниката, како и долготрајноста на резултатот.