Нова сезона, нова енергија: „Шербет од брусница“ добива нов режисер и актерска засилување! - Tvserijali - Soprevod

Нова сезона, нова енергија: „Шербет од брусница“ добива нов режисер и актерска засилување!

🎬 Популарната турска серија „Шербет од брусница“ (ориг. Kızılcık Şerbeti), која руши рекорди на гледаност и кај македонската публика преку Sitel TV, се подготвува за својата четврта сезона со сериозни промени и изненадувања!

📆 Според моменталните информации, новата сезона треба да започне на 12 септември (петок вечер), а фановите веќе со нетрпение го очекуваат новиот пресврт во приказната.


🎥 Нов режисер – нова визија!

Проектот под продукција на Gold Film, зад кој стои продуцентот Фарук Тургут, добива и нов режисер. Во четвртата сезона, наместо Ајдин Булут, режисерската палка ја презема Озгур Севимли, познат по работата на серијата Kızıl Goncalar. Ајдин Булут, кој ја режираше претходната сезона, ќе се ангажира во нов проект.


👤 Ново лице во актерската екипа – Серкан Руткај Ајикоз!

По ангажманот на Еркан Авџи, уште едно звучно актерско име ѝ се придружува на екипата – Серкан Руткај Ајикоз, кого публиката го памети по улогата на „Емир“ во хит-серијата Yasak Elma.

Во новата сезона, Ајикоз ќе го толкува ликот Асил, кој е внук на ликот Асуде (Сервет Пандур) и воедно десна рака на ликот на Еркан Авџи. Овој лик ќе внесе нова динамика и интриги во приказната.


📺 Не пропуштајте ја четвртата сезона на „Шербет од брусница“, која се враќа со нови ликови, нова енергија и уште пожестока драма!

👉 Сите најнови информации за вашите омилени серии – само на tvserijali.com

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Затвори тука X