Uncategorized
Потресна приказна која ги заинтригира македонските гледачи кои со големо нетрпение ја очекуваат секоја следна епизода од драмата за малечката Мелек на Сител телевизија.Осумгодишно девојче кое ја доживеа најголемата болка на нејзиното детство. Клоци, шлаканици, влечење по под, тепање, викање… вистинско физичко и психичко насилство трпеше малото девојче во домот на нејзината мајка и очувот Џенгиз. За разлика од серијата, Мелек и Џенгиз приватно се вистински пријатели. Осумгодишната Берен Гоќулдиз и 30-годишниот Атеш Беркај покажаа на социјалните мрежи дека тоа што се случува во серијата е само сценарио, а вистински уживаат во заедничката дружба и одењето на фудбалски натпревари.