Uncategorized
Актерската брачна двојка Бурак Озчивит и Фахрие Евџан чекаат бебе. Турските медиуми ја објавија веста дека фахрие е веќе два месеци бремена.Неколку турски новински извори како и шоу програма за познати, вчера ја пренесе веста дека фахрие Евџан- Озчивит е бремена. Двојката која повеќе од една година е во брак, а четири години во врска, сега ја чекаат приновата. Како што пренесуваат медиумите, Фахрие и Бурак веќе некое време посакуваат дете, а сега добиле потврда од лекатор дека тоа е на пат. Убавата актерка наводно заплакала кога ја слушнала радосната вест.