Uncategorized
Манијата со турските серии започна уште од пред повеќе од 10 години и тоа со двете најгледани серии „1001 ноќ“ и „Кога лисјата паѓаат“ кои полека но сигурно ги заменија шпанските серии кои беа популарни од 90-тите па натаму. Не постоеше човек кој не погледна барем една епизода од овие турски серии, а луѓето коментираа дека улиците во градот остануваа празни за време на нивното емитување. Така не е ни чудо што публиката и ден денеска се сеќава на сите тие ликови и сака да дознае нешто повеќе за нивниот живот. Дениз Чакир која ние ја гледавме како злобната Ферхунде во хит серијата „Кога лисјата паѓаат“, денес не е многу сменета, и може да се каже дека не изгледа ниту еден ден постара, освен што е побогата со некоја тетоважа плус или пирс на своето тело. За неа се пишуваше дека е во врска со својот постар колега од истата серија кој го играше ликот на Али Риза и беше нејзин свекор. Токму поради разликата во годините фановите беа доста шокирани, но ја прифатија нивната љубов бидејќи и двајцата се извонредни луѓе и актери.