Uncategorized
Списанието „Таквим“ пренесе интересни вести за актерот Киванч Татлитуг и неговиот потенцијално нов бизнис.
Според Такви, Киванч Татлитуг бил инспириран од одличната продажба на брендот Мави. Актерот е заштитно лице на тој бренд и сведок на многу настани, тој има детален увид во продажбата и сите детали. Сето ова го натерало актерот да започне свој бренд за машка облека. Во тоа ќе му помогне неговата сопруга Башак Дизер.
Турскиот актер Киванч Татлитуг веќе подолго време размислува за започнување на нов приватен бизнис. Долго размислуваше за отворање ресторан, но бидејќи не е запознат со таа гранка на економијата, се откажа од таа идеја.
By: TV Exposed