Uncategorized
Турските медиуми го избраа актерот Шукру Озјулдиз за најзгоден актер во земјата. На второ место е Бурак Озџивит, познат како Бали-бег.
Шукру за кусо време стана секс-симбол во Турција, ама го освојува и регионот. 29- годишниот актер со грчко-турско потекло има преку милион следбеници на „Инстаграм“. Медумите последните две години го ставаат и на врвот на листите за најдобро облечени мажи во Турција. Меѓу другото, Шукру сликал и моден едиторијал за магазинот „Мери Клер“.
Според пријателите, пак, и покрај популарноста, Шукру е скромен и приземен.