Актерката од серијата “Ќерките на Фазилет” зборува за приватниот живот! - Tvserijali - Soprevod

Актерката од серијата “Ќерките на Фазилет” зборува за приватниот живот!

Афра Саракоглу, еден од главните актерки на серијата “Ќерките на Фазилет” позната во улогата како Еџе, неодамна даде интервју за турско списание. Како ретко, таа отворено зборуваше за секоја тема за која беше запрашана, па дури не ги избегнуваше и деликатните прашања. Една од работите што сите беа најзаинтересувани, е само нејзината врска. Запрашан како се одвиваат работите во приватниот живот, Афра рече: “Ние одиме многу добро меѓусебно и пред се, ние сме и многу добри пријатели. Се разбира, емотивната врска е многу важно, но за мене една од главните работи е дека партнерот исто така треба да биде и многу добар пријател. Врската бара разбирање, почит и соработка. За мене важно е врската да има внимателен и постепен развој, воопшто не сум за врските што почнуваат како лудило, а потоа сосема неочекувано исчезнуваат. Мислам дека чувствата секогаш те лажат, па претпочитам да ја користам логиката прво во секоја одлука што ја донесувам, а потоа да додадам мои чувства кон логиката.”





Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *